Утрински Весник
Свет

Нагасаки  ја одбележа 79-годишнината од американското бомбардирање со атомска бомба врз градот

20240809081233 Big 730x400 89 1.webp.webp

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското бомбардирање со атомска бомба врз градот во Втората светска војна, а градоначалникот Широ Сузуки на комеморацијата повика на укинување на нуклеарното оружје поради зголемената загриженост за негова можна употреба.

На овогодинешната комеморација, неколку амбасадори го откажаа своето учество откако градот во југозападна Јапонија одлучи да не ги покани претставниците на Израел на комеморацијата.

„Во услови на неизвесност кога ќе заврши руската инвазија на Украина и зголемената загриженост за ширењето на вооружените конфликти на Блискиот исток, во моментов се соочуваме со критична ситуација со зголемена веројатност за употреба на нуклеарно оружје“, рече Сузуки. 

Можете да прочитате

Кремљ: Русија задолжително ќе одговори на украинскиот напад со американски ракети АТАКМС

Посилен земјотрес ја стресе и западна Турција попладнево

Трамп избра тврдокорна републиканка за да ја води ВОА – медиум финансиран од владата