Утрински Весник
Спорт

Надал не игра на Ролан Гарос, 2024 ќе му е последна година во тенисот

Надал не игра на Ролан Гарос, 2024 ќе му е последна година во тенисот
Ss2

Освојувачот на 22 гренд слем титули, Рафаел Надал потврди дека нема да учествува на Ролан Гарос, гренд слемот во Париз каде што беше шампион 14 пати поради повреда, пропуштајќи го првпат од 2004 година.

dobivaj vesti na viber

„Невозможно е да настапам на Ролан Гарос. Не успеавме да најдеме решение на проблемот кој се појави во Австралија“, потврди Надал на прес-конференција во Манакор.

Ss1

Покрај тоа, шпанскиот ас потврди дека ќе направи пауза од тенисот без да најави датум за враќање и посочи дека верува дека 2024 ќе биде негова последна година како тенисер.

„Последните четири месеци беа многу тешки. Вистинската ситуација беше дека по пандемијата моето тело не можеше да се носи со дневната работа и тренинзите. Премногу проблеми поради кои сопирав. Мојата одлука е да сопрам, барем некое време. Можеби ќе се работи за месец и половина, можеби четири месеци. Не сум човек кој сака да предвидува рабои. Не сакам да се поставам во ситуација да кажам нешто, а потоа да се случи нешто поинаку. Следната година ќе биде мојата последна на професионалната турнеја. Тоа е идејата“, додава Надал.

Надал е во аут по мускулната повреда на колот која ја доби при поразот во второто коло од Австралија опен во јануари. Тој се надеваше дека ќе се врати во форма пред стартот на европската сезона на земја во март. Во 2023, Надал има 1-3 скор, а има пораз во седум од последните девет меча.

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!