Утрински Весник
Спорт

Надал демантира дека планира пензија: Тука сум да играм тенис

Надал демантира дека планира пензија: Тука сум да играм тенис

Пензионирањето во 2023 година не е во плановите на Рафаел Надал, откако неговиот ривал, Германецот Александер Зверев изјави дека верува дека Шпанецот ќе стави крај на кариерата по настапот на Ролан Гарос. Наместо тоа, Надал, кој ја почнува одбраната на титулата од Австралија опен, вели дека е подготвен да игра тенис.

dobivaj vesti na viber

„Имам добри односи со Зверев, но не доволно добри да му се доверам со такви информации. Не знам што ќе се случи за шест месеци, но реалноста е дека сум тука да играм тенис, да имам добра сезона, да се борам за тоа што сум го остварил во текот на целта кариера и да не размислувам за пензија. Одам недела по недела и ако тоа ме прашувате секојпат, секојпат ќе го добиете истиот одговор“, вели Надал.

Шпанскиот ветеран пристигнува во Мелбурн со шест порази во последните седум меча, но не е загрижен поради тој скор.

„Потребно ми е да направам момент, да ја вратам самодовербата со победи. Да, губев повеќе од вообичаено, но од понеделник почнувам без сомнеж. Ќе биде тешко, но како секогаш во кариерата ќе го прифатам тоа и ќе се обидам да го надминам“, вели Надал.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ