Утрински Весник
Скопје

Над 3.400 учеснички ја истрчаа „Авицена Женска трка“

Srekni i veseli licza poveke od 3.400 uchesnichki ja istrchaa chetirinaesettata aviczena zhenska trka 6.jpg

Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол – Авицена Женска трка, денеска го одржа своето 14. издание со вкупно над 3.400 учеснички.

Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно. 


„Со денешната 14. Авицена Женска трка, со 3400 учеснички, припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сѐ поголем број  натпреварувачки. Оваа година имавме и нова категорија на возраст над 80 години и сите аплаузи отидоа кон овие дами. Со ова докажуваме дека во спортувањето, границите успеавме да ги поместиме”, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.

Стартот и целта на три километри долгат трка беа на булеварот „Илинден” кај фонтаната Лотос.

Победничка на овогодинешното издание на Авицена Женска трка е Душица Јанковиќ, која патеката ја истрча за 11 минути и 24 секунди. Второто место ѝ припадна на Викторија Тодоровска, со истрчано време од 11 минути и 58 секунди, додека пиедесталот го заокружи Емили Ивановска, со време од 12 минути и 6 секунди.

Доделени беа и признанија за најбрзите во 10 возрасни категории. По доделувањето на наградите следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на трката.

Авицена Женска трка и оваа година покажа дека се зголемува спортската култура кај женската популација и дека со добра организација секој може да води здрав живот.

Можете да прочитате

Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремето