Утрински Весник
Свет

Над 2400 загинати во Иран, стигнаа нови закани од Трамп

Irand.webp.webp

Повеќе од 2.400 демонстранти се убиени, а над 18.000 лица се уапсени откако иранските власти минатиот месец започнаа брутално задушување на протестите, покажуваат податоците на американска организација за човекови права. Телевизијата CBS пренесува дека постојат сериозни стравувања дека бројот на жртви би можел да надмине дури и 12.000.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските демонстранти да продолжат со протестите, порачувајќи дека „помошта е на пат“. Тој остро го предупреди Иран да не врши егзекуции на демонстранти и најави дека САД ќе преземат „многу силни мерки“ доколку тоа се случи.

Од американскиот Стејт департмент изразија сериозна загриженост дека еден од приведените демонстранти би можел да биде погубен уште денес.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе преземат „исклучително силни мерки“ против Иран доколку властите почнат да егзекутираат демонстранти.

„Ако ги обесат, ќе видите некои работи… Ќе преземеме многу силни мерки ако направат нешто такво“, изјави Трамп за CBS News.

Американската организација за човекови права HRANA соопшти дека досега потврдила смрт на 2.571 лице за време на протестите во Иран, пренесува Reuters.

Меѓу жртвите се: 2.403 демонстранти, 147 лица поврзани со владини структури, 12 деца помлади од 18 години и 9 цивили кои не учествувале во протестите

Можете да прочитате

Луфтханза откажува 20.000 летови поради високите цени на керозинот

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во Исламабад

Ако Израел не се повлече од јужен Либан ќе се соочи со отпор