Утрински Весник
Магазин

Набилдани милијардери се новиот знак дека мускулите стануваат симбол на машка убавина

Набилдани милијардери се новиот знак дека мускулите стануваат симбол на машка убавина

Идеалот за совршено машко тело е доста променет во последниве неколку децении.

dobivaj vesti na viber

Идеалната физиономија на современ маж подразбира убаво дефинирано и мускулесто тело, и можеби ова е причината што неколку магнати сè почесто ги покажуваат своите бицепси.

Фотографиите од мускулестиот Џеф Безос на јахта го обиколија светот, а милијардерот гордо ги покажа голите гради на својата јахта вредна 500 милиони долари.

Прашање на здравиот разум е што се крие зад овој нов тренд на мускулести милијардери. Дали е тоа затоа што знаат дека многу луѓе ги мразат? Дали се плашат од револуција? Или можеби се подготвуваат за апокалиптична иднина за борба со роботи? Колку и да звучи ова смешно, факт е дека милијардерите станаа опседнати со мускулите, пишува британски „Гардијан“ во статија со поднаслов „Добредојдовте во ерата на набилдани милијардери“.

Трансформацијата на Безос од ‘бубалица’ во малку полоша верзија на Вин Дизел ги инспирираше неговите врсници, со кои ја дели титулата милијардер.

Изгледа дека Марк Закерберг стана редовен во сала за вежбање бидејќиг Меморијалниот ден го одбележа со тренингот „Марф“.

Станува збор за интензивен тренинг, именуван по поручник Мајкл Марфи, а вклучува трчање 1.6 км, 100 згибови, 200 склекови и 300 сквотови и, потоа трчање уште 1.6 км додека носите елек од 20 килограми. Закерберг тоа го прави за помалку од 40 минути, што е навистина импресивен резултат.

Пред неколку недели Закерберг освои злато и сребро на бразилскиот турнир во џиу-џицу. Очигледно, тој се заинтересирал за боречката вештина во текот на пандемијата.

Но, Зак и Безос не се единствените. „Се наоѓаме во во ерата на набилдани могули“, најави „Њујорк пост“ неодамна. „Стегнати стомачни мускули станаа новиот знак на моќ за извршните директори“, потврдува и шпанскиот весник „Ел Паис“.

Се чини дека големината на бицепсот стана статусен симбол подеднакво важен како и импресивното салдо на банкарската сметка. Постојат бројни причини за тоа, а меѓу нив вреди да се истакне опсесијата на технолошкиот свет со биохакирање и третирање на човечкото тело како да е машина што може да се оптимизира.

Не е новост дека живееме во култура опседната со имиџ. Не е тајна дека мускулите отсекогаш биле поврзани со мажественост, но во последните неколку децении дојде до промена во машкиот идеал за убавина. Имено, идеалната машка фигура стана многу погломазна и затоа тешко остварлива за просечниот маж.

Можете да прочитате

Принцот Хари наскоро патува во Британија, а овојпат со него би можела да биде и Меган

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители

Пет здравствени придобивки од редовното консумирање тиквички