Утрински Весник
Македонија

Четири лица, меѓу нив и малолетници повредени во сообраќајка на булеварот „АСНОМ“ во Скопје

Тешка сообраќајка на патот кон Козјак, четири лица однесени во болница – едно има и тешки повреди

Синоќа во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27) од Скопје и патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.К.Р.(32) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „опел корса“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште една малолетна сопатничка од возилото „опел корса“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Директна авиолинија Анкара – Скопје и карго железничко поврзување  

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Мојсоска: Преку казината власта го пере црниот кеш и затоа не смее да ги затвори коцкарниците