Утрински Весник
Магазин

Највозрасното дете во семејството е „роден лидер“ во животот

Family.jpg

Редоследот на раѓање кај децата влијае на тоа како тие гледаат на светот, како се однесуваат и какви желби, способности и стремежи ќе имаат во животот.

Статистиката покажува дека најголемите светски лидери најчесто биле прво дете во семејството. Ова говори, главно – за односот на родителите кон нивните најстари деца. Имено, првородените „се капат“ во љубов од самото раѓање, а помалите честопати се чувствуваат осамено, запоставено и со недостаток од внимание, па подоцна имаат потреба да се борат за своето место во околината и општеството, објави „Крстарица“.

Како „најсакани“ во својот дом, и со желбата за лидерство, највозрасното дете е силна личност, но понекогаш станува и „авторитарен“ човек.

И средните деца, честопати, се амбициозни и имаат силна волја и ведар дух. Уште од детството, постарите им помагаат во сѐ, поради што овие живеат удобно и во зрелоста. Исто така, и тие побрзо созреваат, но често и си поставуваат огромни задачи. Конкуренцијата ги тера средните деца да бараат успех во оние области каде што постарото дете е послабо.

Најмалите деца, пак, се оние разгалените, па често остануваат зависни и слаби личности. Поради ова, тие често се склони кон „авантури“ и опасни потфати, во стремежот да докажат колку се силни и независни. А, другата крајност е „зачувување“ на првичната положба каде што секогаш ќе им биде потребна помош.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“