Утрински Весник
Скопје

На Водици за првпат во Долно Лисиче ќе се фрла светиот крст во водите на езерото Јасика

1380523 Bogojavljenje Fonet Ff 1.jpg
Dik 300x250 mk

Оваа година за првпат во Долно Лисиче започнува една убава традиција, односно фрлање на светиот крст во водите на езерото “Јасика”. По тој повод организаторите на настанот ги покануваат верниците во Бога да присуствуваат на овој настан кој веруваме дека ќе прерасне во традиција.

“Почитувани верници во Бога,
На 19.01.2024 на Богојавление – Водици, за прв пат во Долно Лисиче ќе се организира фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика.
Во заедничка организација на Црковниот одбор при Храмот Света Троица и ресторанот Рибник Езеро ЈАСИКА ќе започнеме една традиција која се одржува секоја година.


Сите заинтересирани кои сакаат да скокаат по крстот да се пријават кај секретарот Бобан Блажевски 070710378 или во самиот Црковен Храм Св.Троица со лични податоци и телефонски број како и доставена медицинска белешка за здравствената состојба на кандидатот.

На сите кандидати ќе бидат доделени маици со натпис ВОДИЦИ – ЈАСИКА 2025.

За тој што ќе го фати крстот ќе биде доделена рачно изработена икона и уште една вредна награда.

Пред самиот чин на скокање во осветените води ќе биде извршена уште еден медицински преглед од страна на медицинската екипа.

После фаќањето на светиот крст сите присутни ќе бидат почастени со топло чајче и греана ракија, а доколку некои од верниците во Долно Лисиче сака да донесе некое мезе или сукано истото ќе биде добредојдено….

Да започнеме една традиција..ЗА МНОГУ ГОДИНИ!!!

Детална агенда:

Крст ќе се фрли во осветените води точно во 12:00. До сега има 15 пријавени кандидати, до сабота кој не се пријавил може да се пријави.
Настанот ќе го проследи и градоначалникот на Општина Аеродром кој лично ќе му ја врачи едната вредна наградата на среќниот капач, а втората вредна награда голема рачно изработена икона ќе ја врачи Отец Оливер Петровски во просториите на Црковниот Храм Св.Троица по завршувањето на манифестацијата.

Распоред на активности:
08:00 – 10:00 утринска богослужба во Храмот „Св.Троица“
11:00 собир во дворот на Св.Троица
11:40 осветување на водите
12:00 спуштање на Светиот крст во осветените води
Греана ракија, топло чајче и пити/банички за посетителите во „Јасика“
12:30 – 13:30 греана ракија, топло чајче, пити/банички во големата сала при Храмот „Св.Троица“ каде ќе се даде втората награда.

Можете да прочитате

Галетановски: Минатата недела после првиот круг, до архивата на партијата, поднесесов оставка од лични и морални причини

„ТикТок“ снимка откри колкав хаос може да настане со еден клик – секој може да гаси семафори во Скопје?

Трајановски: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром