Утрински Весник
Скопје

Лукровски на средба со здуженијата „Раст“ и „Дајте ни крилја“ за можностите за системска поддршка

Sredba 2.jpeg

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари средба со претседателот на Здружението „РАСТ“, Александар Петровски, и претседателката на Здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески, на која се разговараше за секојдневните потреби на лицата со попреченост и нивните семејства.

Меѓу конкретните иницијативи беа можноста за обезбедување заеднички простор за работа на три здруженија, возило за превоз на деца од дневниот центар до училиште, дом или определен пункт, како и подготовка на стратегија и план за континуирана поддршка во рамки на можностите и надлежностите на Општината.


На средбата беше истакната и потребата од отворање дополнителен дневен центар, како и од создавање услови за самостојно живеење на лицата со попреченост. Ваквите разговори се важни затоа што зад секоја иницијатива стои конкретна потреба, семејство и секојдневен предизвик.

Целта е поддршката да не биде повремена, туку континуирана, организирана и насочена кон решенија што реално можат да го олеснат животот на лицата со попреченост и нивните семејства.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост