Утрински Весник
Македонија

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Popova shapka.webp.webp

Утрово најстудено било во Берово и на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -4 степени целзиусови, а најтопло во Тетово со измерени 5 степени.

Според УХМР, -2 степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Kрушево, -1 во Битола, Штип, Велес, Mаврови Анови, Лазарополе, 0 во Охрид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 1 во Виница, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, и 4 степени целзиусови во Гевгелија

Претпладнево ќе биде сончево со мала локална облачност. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени

Можете да прочитате

Сулејмани и Ерсој во Анкара: Нови можности за соработка во културата и туризмот

Сузбиена криминална група за криумчарење стоки, поднесена кривична пријава против осум лица, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и други предмети

Во Тетово уапсени две лица за посредување при вршење проституција