Утрински Весник
Македонија

Најстудено утрово е во Битола, најтопло во Крушево

Vreme.png

Најстудено утрово е во Битола -3 степени Целзиусови, -2 се измерени во Скопје – Петровец, Берово и Струмица, -1 во Тетово, Демир Капија и Велес, 0 во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Прилеп, Mаврови Анови и Гевгелија, 1 во Куманово, 2 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Виница, 4 во Попова Шапка и 5 во Kрушево, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне наместа има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени. 

Можете да прочитате

По пријава за семејно насилство, при претрес во тетовско, пронајдено оружје и муниција

За шест часа санкциониран 541 возач за брзо возење

Земјотрес утрово во Македонија – 24info.mk