Утрински Весник
Свет

На северот на Газа се вратија над 300.000 раселени Палестинци

20250128071828 Big 730x400 11.webp.webp

Над 300.000 раселени Палестинци се вратија на северот на Појасот Газа, откако израелската армија вчераутро го одобри нивното враќање, соопшти канцеларијата за медиуми во Газа, пренесе Ал Џезира.

Враќањето беше одложено за 48 часа откако Израел ја обвини палестинската милитантна група Хамас дека ги прекршила условите од договорот за прекин на огнот со тоа што не го ослободила заложникот Арбел Јехуд.


Хамас претходно денеска потврди дека до крајот на оваа недела ќе ослободи вкупно шест израелски заложници, вклучувајќи го и Јехуд.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 19 јануари.

Можете да прочитате

Во конфликтот со Иран досега ранети околу 200 американски војници, десет од нив со тешки повреди 

Европа со јасна порака до Трамп: Сам реши го проблем, ова не е наша војна

Повеќе од 30 часа траел пожарот на американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“