Утрински Весник
Магазин

На Семот за мебел во Скопје продефилираа повеќе од 15.000 посетители  

Saem Na Mebel 2024 Osvezhi Go Svo Ot Dom.jpg
Ss2

Саемот на мебел 2024 година се одржа минатата недела, од 20 до 24 март во комплексот „Борис Трајковски” и повеќе од 15.000 посетители беа дел од оваа саемска манифестација.

Бројот на посетители покажува дека македонската јавност поддржува вакви манифестации и сака да ги искористи сите поволности што ги нуди Саемот.

Ss1

Оваа година, Саем на мебел на секој посетител му овозможи поинакво саемско искуство, со голем број изложувачи, со над 70 различни брендови, а освен богата понуда имаше и одлични попусти.

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година беше партнер на Саемот и на купувачите им обезбеди брз и едноставен начин на купување, односно на нивниот штанд ја претставија нивната поволна понуда на кредитни производи и картички, а тоа предизвика посебен интерес и задоволство кај посетителите.

Организаторите на Саем на мебел 2024 го оценуваат ова саемско издание за успешно, затоа што 15.000 посетители имаа можност  да го освежат својот дом со квалитетен и уникатен мебел и ги искористија саемските попусти.  

Ss1

Можете да прочитате

Јаделе бифтеци, двојни десерти, испиле 15 шишиња вино и избегале без да ја платат сметката од 380 евра

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации