Утрински Весник
Македонија

Николовски го повика Димовски итно да закаже седница за да не го блокира донесувањето на законските измени за земјоделското земјиште

Picture 1197 660x500 1.jpg
Ss2

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, од пред Собранието, го повика претседателот на собраниската Комисија за земјоделство, Љупчо Димовски итно да закаже седница за да бидат разгледани, а потоа од Парламентот и донесени измените на Законот за земјоделско земјиште. Како што истакна Николовски, Димовски ги блокира измените и со тоа им нанесува директна штета на земјоделците.  Според министерот, предложените законски измени не се популистички, туку системски. Засегаат над 10 000 закупци, а ќе им овозможат  целосна сигурност на земјоделците да го користат земјиштето во период од истекување на постојните до склучување нови договори, како и загарантирано право на субвенции. -Повеќе од еден месец Димовски не ја закажува седницата за да поминат измените на Законот за земјоделско земјиште, предложени од пратениците, по скратена постапка уште од 19 февруари. Измените предвидуваат можност земјоделците што имаат истечен договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, да можат непречено да го користат земјиштето до склучување нов договор и за тоа да го остваруваат правото на субвенции во периодот и на изборниот процес. На тие закупци, правото на користење на земјиштето во овој период во Единствениот регистар на земјоделски стопанства ќе им биде запишано по службена должност на Министерството, без барање и трошоци за елаборати и административни такси, објасни Николовски. Тој укажа дека почнувајќи од првичните 172 договора кои истекуваат во периодот декември 2023 – март 2024 година, во следните месеци ќе истечат нови стотици договори, особено во периодите кога ќе бидат изборните кампањи, април, мај и јуни, во период кога ќе течат преговорите за нова влада. -Токму во овој период, поради тоа што ќе истечат стотици договори, а секоја следна година ќе истекуваат приближно над 500 договори, секој земјоделец ќе се соочи со истиот проблем со користење на земјиштето кое е предмет на договорот на закуп кој истекол, па се до периодот на склучување нов договор. Согласно законското решение наследено од претходната власт, продолжувањето на договорите може да се случи дури по истекот на тековните договори и тоа во доста сложена постапка која тогаш била регулирана и која бара донесување решенија за престанок на договорите, нивна правосилност, бришење на правата од Катастар, одземање на владеење, претходно одлука за согласност на Владата за склучување договор, па позитивно мислење од државното правобранителство, нови геодетски елаборати, воведување во владение и повторно запишување на правата во регистарот. Тоа беше мотив да овие измени на Законот бидат направени не само за овие закупци кои имаат истечени договори, туку и за стотици други земјоделци кои ќе имаат истечени договори во периодот на април, мај, јуни и понатаму, потенцира министерот. Секторите на МЗШВ, дополни Николовски, секојдневно работат на подготовка на соодветни информации и одлуки кои претходат на склучување на новите договори и досега се изготвени потребните одлуки за сите договори, односно е постапено по сите барања на земјоделците кои имаат истечен договор.  -Да потсетам дека дел од договорите на земјоделците ќе истечат токму во период кога се пријавуваат субвенции и токму овие измени на Законот ги отстрануваат сите овие празнини. Од тие причини бараме итно свикување на Комисијата за земјоделство и итно поминување на овие законски измени и решенија на пленарна седница.Поминаа две недели откако лично јас и земјоделците од Светиниколско потпишавме петиција со која бараме итна седница на собраниската Комисија и итно поминување на овие законски измени. Затоа повикувам и пратениците и претседателот на Комисијата да не ги блокираат овие измени кои се од интерес на земјоделците и кои им ги кратат маките на земјоделците на кои прв пат им истекуваат договорите. Ова е закон од 2007 година, тогаш се склучени договори на 15 години и ова се први договори што истекуваат токму оваа година, а се склучени во 2008 година. Земјоделците не се виновни што токму во овој момент и во овие два, три месеци ќе има избори, подвлече Николовски.

Ss1

Можете да прочитате

Левен: Гласајте за СДСМ и Пендаровски, само тие имаат јасен план за Македонија

Во Косово приведен македонски државјанин баран со меѓународна потерница заради тешко убиство

Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија