Утрински Весник
Спорт

На само 37 години почина скијачката Елена Фанкини

На само 37 години почина скијачката Елена Фанкини

Италијанската скијачка Елена Фанкини, чија кариера беше прекратена од рак, почина во својот дом во Солато, во близината Бреша на само 37 години, потврдија од Италијанската скијачка федерација.

dobivaj vesti na viber

Нејзината смрт доаѓа истиот ден кога нејзината поранешна колешка, Марта Басино го освои златото во супер-џи на СП во Мерибел, Франција, и два дена пред уште една сонародничка, Федерика Брињоне триумфираше во алпска комбинација. Софија Гоџа, која е фаворитка за саботниот спуст, ја посвети победата во Кортина Д’Ампецо минатиот месец токму на Фанкини.

Фанкини во својата кариера стигна до две победи во спуст, а освои и сребро во дисциплината на СП во 2005 година. Таа последен пат се тркаше во декември 2017 година, кога се обидуваше да направи камбек на Олимпијадата во Пјенгчанг, Јужна Кореја.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами