Утрински Весник
Спорт

На повидок е крај на сагата: Барселона и Атлетико Мадрид се договориле околу Гризман

На повидок е крај на сагата: Барселона и Атлетико Мадрид се договориле околу Гризман
Img 5587

Сагата околу францускиот напаѓач Антоан Гризман најверојатно ќе заврши брзо. Атлетико Мадрид и Барселона успеаја да постигнат договор за правата на фудбалерот. Каталонците ќе добијат 20 милиони евра, како и 2 милиони евра бонуси, врз основа на настапите на Гризман.

dobivaj vesti na viber

Францускиот напаѓач се чувствува добро во Атлетико Мадрид и негова желба е да остане на „Ванда Метрополитано“. 31-годишниот напаѓач има ограничена минутажа оваа сезона за Атлетико Мадрид, токму поради клаузулата со која во спротивно мадридскиот клуб ќе мораше да плати 40 милиони евра. Сепак, сега тоа е минато.

Img 5587

Антоан Гризман оваа сезона одигра седум натпревари во Ла Лига и постигна два гола.

Ss1

Можете да прочитате

Лејкерс елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Барселона го има најскапиот фудбалер на светот