Утрински Весник
Свет

(Видео) Вучиќ: Загреб нема да ја води политиката на Белград

(Видео) Вучиќ: Загреб нема да ја води политиката на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Прага изјави дека Хрватска сама се пофалила дека е одговорна за тоа што Западен Балкан не е изземен од санкциите на ЕУ за увоз на руска нафта оценувајќи дека Загреб само си ја работи својата работа, што ја врши од 1941 година па наваму, пренесува N1.

dobivaj vesti na viber

Првичниот предлог на Европската комисија предвидуваше исклучок кога станува збор за снабдување од Јадранскиот гасовод, но на инсистирање на некои земји членки на ЕУ тој предлог беше одбиен поради ставот дека нема оправдување Србија да биде изземена.

„Некои земји од ЕУ се ослободени, како Бугарија, Унгарија… Србија не е. Хрватска само си ја вршеше работата, што ја работи со децении“, рече Вучиќ пред почетокот на самитот во Прага обвинувајќи ги хрватските медиуми за фабрикување на неговата изјава дека Загреб е виновен.

„Повторувам, Хрватска си ја вршеше само својата работа, што ја работи од 1941 година. Сето она што го направи претходните 70-80 години. Воопшто не обвинувам“, им рече Вучиќ на новинарите од Хрватска.

На прашањето зошто ја обвинува Хрватска кога Србија е таа што одбива да воведе санкции кон Руската Федерација за инвазијата на Украина, Вучиќ рече дека Загреб нема да ја води политиката на Белград.

„Политиката ќе ја водат граѓаните на Србија преку слободно избрани претставници и против сите оние што мислат дека може да ѝ ја наметнат својата волја на Србија“, рече Вучиќ нагласувајќи дека се гордее со фактот што Србија, како што рече, е слободарска земја, која носи свои одлуки.

Тој рече и дека неговиот одговор на денешните средби со европските претставници во Прага ќе биде „учтива, одговорна, сериозна и далекосежна“ и ја отфрли можноста да дојде до прекин на преговорите за членство на Србија во ЕУ.

Можете да прочитате

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти

Во Русија приведен американски војник, кој бил во приватна посета на земјата

ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио