Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчани

Dozd.jpg

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Гевгелија – 19 литри на квадратен метар, а најмалку еден литар во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчани.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Струмица наврнале 13 литри на метар квадратен, 10 во Пожаране, 9 во Маврови Анови, 7 во Ѓуриште, 6 во Куманово, Лазарополе, Скопје – Петровец, Крушево и Штип, 5 во Тетово, Демир Капија Берово и Битола, 3 во Крива Паланка, Виница и Велес и 2 во Кавадарци и Претор.

Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, локално литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога