Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

20260830093814 big 730x400 80.webp.webp

По локалното невреме што синоќа зафати делови од земјава, најмногу количина дожд наврна во Крива Паланка 30 литри на метар квадратен, соопшти УХМР.

Според измерените податоци, 18 л/м2 наврнале во Струмица, 13 Виница, 8 Берово, 6 Тополчани, 3 Битола, 1 Радовиш, Крушево.

УХМР напоменуа дека поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето до крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 36 степени.

Можете да прочитате

Брвеница в недела избира градоначалник: Шест кандидати во трката за општината

Треновски: Пред да увезуваме работници од странство, да ги вработиме нашите луѓе!

Николоски: Планираме реконструкција и електрификација на пругата Велес – Битола и набавка на околу 9 патнички возови и 5 електрични локомотив