Утрински Весник
Македонија

На Мара Попара и синот и починал на 36-годишна возраст во септември

322813146 700922438159394 890175018340797886 N 1170x1170

Веста за смртта на легендарната актерка Катерина Крстева (85), позната како Мара Попара според истоимената улога, ја растажи јавноста. Крстева беше лик со кој растеа многу генерации, а денес нејзиниот колега, актерот Гоце Тодоровски за „Фокус” откри детали од нејзиниот живот.

Тој раскажа дека Катерина се омажила кон средината на своите 40-ти години за Мишо Ратковиќ, и кога останала бремена на возраст од 49 години, колегите, но и самата таа знаеле да кажат дека е вистински медицински феномен.

За син и Александар раскажа дека го поминал детството со неа, во театарот, бидејќи татко му починал додека бил доста мал, а мајка му посветено го изгледала. Изјави дека се слушале телефонски со Катерина, со која имаа многу заеднички проекти, и кажа дека е загрижен за Александар, кој немал семејство и живеел заедно со мајка му, од нејзината скромна пензија.

Но, блиски пријатели на Александар за ,,Фокус” велат дека приказната е многу потрагична. Појаснуваат дека очигледно колегите на Катерина се немале слушнато со неа изминативе три месеци, бидејќи Александар починал на 36-годишна возраст во септември.

-Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој и беше целиот свет, се тргна од се и тивко свена.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

Можете да прочитате

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви

207 санкции за брзо возење

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара