Утрински Весник
Свет

Најмалку 17 загинати и 34 повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан

20240716111004 Big 730x400 98.webp.webp

Најмалку 17 лица загинаа, а 34 се повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан, соопштија денеска локалните власти. Меѓу загинатите има и три деца.

Патниците настрадаа кога автобус се преврте во областа Хинџан, провинцијата Баглан. Автобусот бил на релација Кабул – провинција Фариџаб, на северот на Авганистан.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, но локалните медиуми јавуваат дека превртувањето на автобусот можеби е последица на невнимание на возачот.

Можете да прочитате

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили

Саудиска прелиминарна истрага утврди дека копилотот го нападнал капетанот на авионот на „Флај Дубаи“ пред принудното слетување