Утрински Весник
Свет

Најмалку 17 лица загинaа во судир на два автобуси во Хондурас

Hounders.jpg

Најмалку 17 лица загинаа, а 14 се повредени во судир на два автобуси во западниот дел на Хондурас, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила на автопатот CA-14 кој го поврзува градот Санта Роса де Копан со градот Грасијас, пренесува локалниот весник „Ла Пенса“.

Повредените се префрлени во болницата во Санта Роса де Копан.

На терен се припадници на полицијата и итната помош.

Можете да прочитате

Русите погодија мост во Запорожје

Рубио во посета на Исланд: Арктикот и безбедноста во фокусот на турнејата низ три сојузнички земји

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица