Утрински Весник
Свет

Најмалку 11 загинати во несреќа во Индонезија откако на училишен автобус му откажале сопирачките

Bucash 1715497173 9509 1715497177.png

Најмалку 11 лица, претежно ученици, загинаа во тешка несреќа со училишен автобус во Индонезија.

Според извештаите, на автобусот му откажале сопирачките, по што удрил во неколку автомобили и мотоцикли пред да удри во столб и да се преврти.

Автобусот со 61 ученик и професор се враќал доцна синоќа во средното училиште во Депок во близина на главниот град Џакарта, од туристичкиот град Бандунг по прославата на дипломирањето, изјави портпаролот на полицијата во Западна Јава, Жил Абрахам Абаст.

„Автобусот изгубил контрола на удолницата и преминал на спротивната лента, удрил во неколку автомобили и мотоцикли пред да удри во столб за струја“, рече тој.

Девет лица загинаа на местото на несреќата, а уште две починаа подоцна во болница, меѓу кои и наставник и возач на автобус, потврди Абаст. Уште 53 лица се хоспитализирани со повреди, меѓу кои и некои во критична состојба.

„Се уште ги истражуваме причините за несреќата, но прелиминарната истрага покажа дека сопирачките на автобусот биле неисправни“, рече Абаст.

Тешките сообраќајни несреќи не се невообичаени во Индонезија, пред се поради лошите безбедносни стандарди и патната инфраструктура.

Можете да прочитате

САД објавија мерки за подршка на малиот бизнис на Куба

ConocoPhillips ја купи Marathon Oil за 22,5 милијарди долари

Калињак: Закрепнувањето на премиерот Фицо, по обидот за убиство, ќе трае исклучително долго