Утрински Весник
Македонија

На грчкиот остров Евија гори веќе два дена

Evi A.jpg

Повеќе од 200 пожарникари со помош на хеликоптери и канадери втор ден по ред гасат шумски пожар на вториот по големина грчки остров Евија, поради што е наредена евакуација на две села, соопштија властите.

Пожарот избувнал во селото Петриес во центарот на островот во понеделникот околу 15 часот и силниот ветер помогнал брзо да се прошири. Денеска пожарот го гаснат околу 200 пожарникари со помош на 13 канадери и шест хеликоптери, а во подготвеност е и брод на крајбрежната стража за можна евакуација по море.

И покрај големите напори, состојбата на Евија денеска е подобра, но поради ветерот тлее и на изгорените површини, а ризикот од пожар се уште е зголемен, предупредува министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас.

Пожарите во Грција зачестија во последните години во текот на топлите и суви летни месеци. Минатата година во Грција избувнаа повеќе од 8.000 пожари.

Премиерот Кирјакос Мицотакис изјави дека Грција повторно се соочува со „тешко лето“ во однос на климатските услови и предупреди дека август е сè уште на прагот и дека земјата мора да остане на готовност.

Неколку стотици шумски пожари избувнаа во Грција од мај. Во 2021 година, Евиа се соочи со разорен пожар, кој претвори во пепел 46.500 хектари земја.

Можете да прочитате

Србија ќе ни даде четири локомотиви за влечење на товарни вагони

Лицата кои беа заглавени во куќа во Светиниколско се безбедно евакуирани

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица отворен на одреден период