Утрински Весник
Свет

На границата на Франција се урна уште еден мал авион

На границата на Франција се урна уште еден мал авион

Најмалку три лица загинаа кога нивниот спортски авион се урна денеска во швајцарскиот регион Пон де Март.
Несреќата се случила утрово околу 10:20 часот во шума во кантонот Нешател, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Пилотот и двајцата патници загинале на лице место, јавува Ројтерс.

Акцијата за спасување била тешка бидејќи несреќата се случила на стрмен терен, додаваат од полицијата.

Засега не е позната причината за несреќата, но е отворена истрага. Од полицијата нагласија дека нема да даваат дополнителни информации за загинатите додека нивните семејства не бидат информирани за несреќата.

Спасувачките служби и полицијата се на местото на несреќата, а властите отворија истрага за околностите на несреќата, пренесе РТН.

Можете да прочитате

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска