Утрински Весник
Свет

На британските затвореници им се доставува дрога со дронови

20250708105641 big 730x400 78.webp.webp

Софистицирани дронови можат да доставуваат огромно количество дрога и оружје во затворите, што претставува закана по националната безбедност, се наведува во годишниот извештај на надзорното тело на британските затвори.

Главниот инспектор на британските затвори, Чарли Тејлор предупреди дека полицијата и затворските служби го препуштиле воздушниот простор над затворите на криминалните банди.


– Технологијата на дроновите напредува многу брзо. Нивото на ризик што го носат овие дронови е различно од сè што сме виделе досега, посочи Тејлор, додавајќи оти постои и теоретски ризик дека осуденик може да избега од затвор со помош на беспилотно летало.

Тој ја повика затворската служба итно да преземе контрола над ситуацијата.

Би сакале Владата и безбедносните служби да ги здружат силите, да користат технологија и разузнавање за да спречат реализација на овој ризик, наведе Тејлор.

Можете да прочитате

Трамп подготвува голем економски притисок врз Иран

Голем пожар и во Белгија, ЕУ испраќа помош

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира