Утрински Весник
Македонија

На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари

Slika 07.05.jpg
Dik 300x250 mk

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството на 54 здруженија додели договори во вкупен износ од 10.094.050 денари за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Македонија за организирање на локални манифестации и саеми.

„Нашата цел како Министерство е да ги поттикнеме здруженијата да организираат повеќе локални манифестации, саеми, фестивали каде што нашите македонски производи ќе се промовираат. Освен храната, ќе можат да се истакнат и малите фарми, производителите, задругите. Токму ваков вид на настани ќе ја придвижат и домашната економија”, истакна министерот при доделување на договорите.


Тој посочи дека со манифестациите ќе бидат опфатени сите региони од државата, бидејќи секој дел од Македонија е препознатлив и посебен сам по себе.

„Традиционалната храна да ја доближиме до помладите, само така ќе ја сочуваме нашата автентичност и препознатливост”, истакна министерот Трипуновски.

Министерот при своеото обраќање додаде дека со одржување на локалните манифестации, фестивали и саеми, домашните производи можат да ги вкусат и туристите, со што ќе бидат прочуени и по другите земји.

„Да работиме заедно, сплотено, да бидеме препознатливи во регионот и светот по квалитетната македонска храна”, порача тој.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман