Утрински Весник
Македонија

Мицкоски-Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион

Mickoski milanovik.jpg

Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен ручек со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на Македонија.

Како што се посочува Мицкоски во објава на Фејсбук, со хрватскиот претседател разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето со глобалните предизвици.


– Разговорот беше исполнет со искрени ставови, регионални перспективи и заеднички визии за иднината. Потврдена беше поддршката за европската иднина на Македонија и јасната перспектива за членство во Европската унија, наведува Мицкоски.

Милановиќ, кој е во официјална посета на земјава, беше пречекан на скопскиот аеродром од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, а со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со која имаше средба и заедничка прес-конференција.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Уживаме во целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници

Се продаваат сметки за скенирање на МојДДВ – злоупотреба на системот низ социјалните мрежи

Таравари реагира за случајот во Нерово: Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?