Утрински Весник
Македонија

На 18 октомври ќе се одржат предвремени избори за градоначалник на Брвеница

Izbori 2025.webp.webp

Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

Гаши соопшти дека одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и од сите надлежни институции побара изборниот процес да биде спроведен професионално, непристрасно и во согласност со законските процедури.

Тој ги повика кандидатите и политичките субјекти кампањата да ја водат достоинствено, со програми, идеи и визија за развојот на општината, наместо со пораки што поттикнуваат поделби или ја нарушуваат довербата во демократскиот процес.

Во Брвеница ќе се гласа откако претхониот градоначалник, Јовица Илиевски, почина на 23 јуни годинава, на 58-годишна возраст.

На 7 јули Владата соопшти дека започнува постапка за распишување нови избори за градоначалник на Општина Брвеница откако ја разгледала и усвоила информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа, оти настапила законска основа за престанок на мандатот на градоначалникот на општина Брвеница.

Можете да прочитате

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени

Еден загинат и тројца повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка кај Стража

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот – итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари!