На 13 јануари Кривичниот суд ќе ја објави пресудата за „Тврдина“ – она што остана од големиот големиот предмет на СЈО „Таргет – Тврдина“. Вчера и последниот обвинет ги дал завршните зборови.
Откако застаре гонењето за делот „Таргет“ за масовното прислушување каде меѓу обвинетите беше и екс шефот на УБК Сашо Мијалов судењето продолжи за петмина обвинети меѓу кои и екс министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска.
Пресуда во отсуство ќе има и Горан Гујевски и Никола Бошковкси екс разузнавачите кои избегаа а Грција не ги екстрадираше. Одговараат за злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК.
Но и на „Тврдина“ ѝ се ближи рокот за застарување за неколку месеци. Ако до тогаш не стане правосилна пресудата ќе застари.
Апелација еднаш веке ја укина пресудата „Таргет – Тврдина“. Тогаш предметот стоеше во фиока дури 9 месеци кај апелациониот судија Енвер Беџети а Судскиот совет за тоа го казни само парично.
Но она на што надлежните вртеа глава една година подоцна стана главна тема. Беџети и екс вицепремиерот Груби стана новите имиња на црната листа на САД поради вмешост во значителна корупција -примање поткуп за предмети поврзани со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој пак е на црна листа од 2022 година.
Сега и македонските обвинители тргнаа да ги бараат доказите за оваа корупција а додека ја заокружуваа истрагата за Државна лотарија, Груби избега. Луѓето не бегаат ако немаат што да кријат, кажа вчера амбасадорката Агелер.