Утрински Весник
Македонија

Инспекторката од АХВ барала мито од 250 евра, сега ОЈО за неа бара притвор

Whatsapp image 2025 04 01 at 15.22.56.jpeg

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп според член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, како службено лице – инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 септември, побарала и примила поткуп во износ од 250 евра од управител на правно лице за да изготви записник со кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека нема неправилности во работата на објектот, односно дека тој ги почитува сите потребни процедури за работа.


Поради ризикот од бегство, опасноста осомничената да влијае врз оштетениот и неговиот исказ, како и можноста од позиција на службено лице- инспектор да го повтори дејствието кое не смеела да го изврши, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Можете да прочитате

15 годишник со „Мерцедес“ удрил во велосипедист во Куманово

Мециновиќ гостин на иницијативата „12:05“: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ

Тешка сообраќајка во Струшко, повредени три лица