Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје поразен од Мега во Белград

МЗТ Скопје поразен од Мега во Белград

МЗТ Скопје Аеродром не може да победи на гости во АБА лигата. Тимот на Драган Николиќ загуби од Мега со 93:86, и остана на само четири победи наспроти 17 неуспеси во регионалното натпреварување.

dobivaj vesti na viber

МЗТ Скопје добро го отвори мечот и првиот период го доби со 22:27. Сепак, одговори Мега со 26:15 во втората четвртина и замина на одмор со шест поени позитива. Домаќините зголемија и на двоцифрена предност во третиот сегмент, имаа и 15 поени разлика, а МЗТ Скопје до крајот поднамали, но и не можеше комплетно да се врати во мечот.

Никола Ѓуришиќ постигна 20 поени, а Матеј Рудан поен помалку во тимот на Мега. Кај МЗТ Скопје, Кофи беше стрелец на 18 поени, а Абу постигна 17.

 

Можете да прочитате

Зинченко благодарен на Уфа, но не сака ниту да го спомене името Русија

Како пилешкото кари ја „десеткуваше“ холандската репрезентација

Англиските играчи шокирани од изведбата на нивната химна