Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје го доби драматичното дерби против Работнички

МЗТ Скопје го доби драматичното дерби против Работнички

Кошаркарите на МЗТ Скопје во драматично дерби го победија големиот ривал Работнички со 91:87 во дуелот од 14.коло во Првата македонска кошаркарска лига. „Вечното дерби“ донесе многу возбуда, а екипите имаа поддршка и од двете навивачки групи на трибините, „Фемили Аеродром“ и „Сити Парк Бојс“.

dobivaj vesti na viber

МЗТ Скопје водеше во најголем дел од натпреварот, но Работнички опасно се доближи во завршницата. Сепак, искусниот Војдан Стојановски ги разреши дилемите и донесе триумф за „металците“.

На полувреме МЗТ Скопје имаше три поени предност (44:41), а во последниот период влезе и со „плус 10“. Но, Нотиџ од Работнички беше неверојатно расположен за поентирање, постигна четири тројки од голема далечина, па гостите се доближија на 85:83.

Потоа на сцена стапи Војдан Стојановски, погоди за два поени,а Форте на спротивната страна реализира само едно слободно фрлање. На крајот, повторно Војдан Стојановски имаше мирна рака од линијата за слободни фрлања и донесе победа од 91:87.

Можете да прочитате

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај

Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата