Утрински Весник
Свет

И Грција подаде рака за помош на Турција

И Грција подаде рака за помош на Турција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека денеска разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и понудил да ја обезбеди „целата дополнителна потребна помош“ по разорните земјотреси на југот на земјата.

dobivaj vesti na viber

„Само што разговарав со претседателот @RTERdogan. Во име на грчкиот народ, изразив длабоко сочувство за катастрофалната загуба на животи и ја повторив нашата подготвеност да ја пружиме сета потребна понатамошна помош“ – напиша грчкиот премиер на Твитер.

Можете да прочитате

Македонец убиен во Берлин – двајца го следеле, па отвориле оган

ISW: Путин е исклучен од реалноста

Светската метеоролошка организација предупредува: „Ќе биде сè потешко…“