Утрински Весник
Македонија

МЗ: Веднаш постапивме за шестмесечната платена пракса на младите лекари

Ministerstvo za zdravstvo tabla.jpg

Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на законските обврски што ги има во делот за шестмесечна платена пракса на младите лекари, кои ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при здравствените домови на територија на целата држава, соопштуваат попладнево од Министерството.

-Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата.

За овој заклучок од Националната Комисија за имунизација министерот за здравство д-р Илир Демири информираше на седница на Владата, по што е испратено до Министерството за финансии и се чека одговор од ДКСК поради предизборниот период, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот

Скратени часови за лична асистенција: Семејствата оставени сами со најтешките обврски

Алиша со предизвик до градоначалниците: Возете се со затворени очи за да видите како „преживуваат“ слепите