Утрински Весник
Македонија

МВР: Претрес во дом кај двајца полициски службеници, пронајдено е оружје (ВИДЕО)

Oruzje 1.jpg

Припадници на МВР денеска извршиле претрес во дом кај двајца полициски службеници за кои претходно беше утврдено дека на социјалните мрежи објавуваат фотографии со оружје.

„При претресот, извршен со судска наредба, во нивниот дом во село Сингелиќ, скопско, беа пронајдени една автоматска пушка, два пиштоли, 19 куршуми 9 мм, еден рап во кој има четири рамки за автоматска пушка, пет празни рамки за автоматска пушка, 125 куршуми калибар 7.62×39, пет куршуми непознат калибар, еден револвер, една празна рамка и шест празни рамки кои ги поседуваат без дозвола. Исто така, при претресот во домот и при преглед на возилото на еден од нив беше пронајдено и друго оружје и муниција кои ги поседуваат со дозвола.

Подоцна, исто така, со судска наредба, беше извршен и претрес во викенд куќа во село Стрима, општина Липково, каде претходно беше утврдено дека е направена фотографијата и објавена на социјална мрежа, но во неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Со двајцата полициски службеници и нивниот родител, во присуство на адвокат, беа извршени службени разговори, по што беа извршени консултации со јавен обивнител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, извести МВР.

Можете да прочитате

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година