Утрински Весник
Македонија

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“

Mvr Vrabotuva 50 Diplomci 165439.jpg

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град”, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Можете да прочитате

СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари

Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација