Утрински Весник
Македонија

МВР: Не наседнувајте на измами со лажни сообраќајки, веднаш пријавете во полиција

Image 226740.jpg

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатиов период до нив од страна награѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица.

„Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош“, се вели во соопштението


Од МВР додаваат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираат до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”