Утрински Весник
Македонија

МВР има залихи од обрасци за возачки дозволи за наредните три години – не е точно дека има недостаток!

Vozacki.webp.webp

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи.

„Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години.


Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок.

Апелираме да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните“, велат од МВР.

Можете да прочитате

СДСМ Карпош во одбрана на Богоев: Не ја потценувајте интелигенцијата на карпошани

Марковски: Недозволувањето пристап за медиумите отвора сериозни сомнежи за подземната улица во Центар

Промовирано ново институционално лого на Јавното обвинителство