Утрински Весник
Македонија

МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје

Aerodrom.jpg

Вчера во 08:00 часот на Аеродромот во Скопје е уапсен 56-годишниот С.Р од Битола по кого била издадена мерка за апсење.

„На 05.07.2024 во 08.06 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(56) од Битола. При извршена пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција било констатирано дека за него е издадена мерка „апси“, по барање од СВР Охрид, врз основа на од Основен суд Охрид“ се вели во билтенот на МВР. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија