Утрински Весник
Македонија

Мустафи-Алкан: Во последните шест години има значаен развој и напредок за Ромите во образованието, но и политичката активност

Dsc 9028 1536x996 1.jpg

„Во последните шест години секако дека има развој и напредок. Во делот на образованието има голем напредок, особено што од 2016 година имаме стотици нови Роми магистри, напредок има и во делот на политичка активност, особено во деловите каде што претходно не сме биле толку активни како ромска заедница, каде можеби одредени политички партии и организации во минатото не допреле“ изјави во интервју за Слободен печат, Селвије Мустафи-Алкан од Фондацијата „Роми за демократија“

Таа додаде дека пикот на политичката партиципација и активизам се случи со полиитчкото движење Аваја од 2019 година, во истиот период кога беше назначена првата Ромка како надворешен соработник во кабинетот на претседателот Пендаовски и како советник на премиерот.

Таа исто така зборуваше за односите внатре во ромската етничка заедница, но и за тоа што треба да се направи, за да се унапреди статусот на Ромите во општеството.

„За да го унапредиме заедништвото во ромската заедница, прво треба да се сфати дека сите имаме иста цел. Целта е секој да живее подобро, а ако секој живее подобро, тоа значи дека и државата ќе оди напред. Ние како заедница, но пред се како фондација, пред две недели ја отворивме таа тема, тој дијалог, за да се вклучиме и за да сфатиме дека сите работи и поенти што ги зборуваме, водат кон една цел. Така и треба да се движиме и да работиме и всушност преку тој дијалог ние ги отвораме вратите за секој еден субјект, како што се невалдини огранизации, политички актери, за да видиме кои се тие наши заеднички вредности преку кои можеме да делуваме и да се насочиме кон целта за подобар живот на нашата заедница“ рече таа.

Во однос на претстојните парламентарни и претседателски избори, Мустафи-Апкан истакна дека таа очекува масовно учество на Ромите во изборниот процес и изрзи надеж дека изборите ќе бдат дер и демократски, како што сите политички субјекти најавуваат.

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја