Утрински Весник
Македонија

Муцунски во работна посета на Даблин, Ирска

615346080 1469624331835309 7006049406675237531 n.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска.

За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија.


Во ирскиот парламент, министерот Муцунски ќе оствари средби со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на парламентот, а ќе се обрати и во Институтот за меѓународни и европски работи (IIEA), еден од водечките ирски тинк-тенк центри за меѓународни односи и европски прашања.

Посетата се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на Европската Унија и е насочена кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, како и кон обезбедување континуирана поддршка за процесот на проширување на Европската Унија и реформските напори на државата на патот кон полноправно членство во Унијата.

Можете да прочитате

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи” авансот од Мицкоски

Денес среда, 17 јуни ново силно невреме ќе ја зафати Македонија

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје