Утрински Весник
Македонија

МТСП: Преку услугата помош и нега во домот, поквалитетен живот за над 50 стари лица во Струга

МТСП: Преку услугата помош и нега  во домот, поквалитетен  живот за над 50 стари лица во Струга

Услугата помош и нега во домот ги дава посакуваните резултати и им го олеснува и подобрува квалитетот на животот на старите лица. Денеска во посета на Црвениот Крст Струга, кој ја спроведува услугата, помош и нега во домот, беше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која истакна: „ Оваа услуга е дел од разновидните услуги како што се центри за дневен престој на стари лица, центри за дневен престој на лица и деца со попреченост, центар за рехабилитација и реинтеграција кои се достапни во 41 општини, а се воспоставени преку Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведуваме со поддршка на Светска банка. Горда сум што успеавме да постигнеме значајни резултати, но и да обезбедиме одржливост на услугите и дел од нив, како што е помош и нега во Струга се преземени во системот на централно финансирање со што е обезбеден континуитет и постојаност на социјалните услуги“.

dobivaj vesti na viber

Услугата е воспоставена преку Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка, а се спроведува од Црвениот Крст Струга кој заедно со општината аплицираше на првиот јавен повик на Проектот. Услугата е достапна на повеќе од 50 стари лица над 65 години за кои во комфорот на нивниот дом се грижат 20 негуватели.

Министерството за труд и социјална политика обезбеди долгорочна одржливост на социјалните услуги, во кои спаѓа и услугата помош и нега во домот во Струга обезбедувајќи средства за нивно финансирање од државниот буџет. Со ова се создава можност за нивен натамошен развој, а граѓаните, особено оние од најранливите категории ќе продолжат да добиваат квалитетни услуги и подобар квалитет на живот.

Задоволство од начинот на кој се одвива услугата, како и од соработката со Министерството искажуваат и од Црвен Крст Струга. Тие при посетата на Тренчевска истакнаа: „Навистина сме благодарни што Министерството ги препозна потребите на граѓаните на општина Струга и што од самиот почеток го поддржа овој проект за кој соработувавме и со општината и со Министерството. Денеска сме горди и мотивирани од успехот и насмевките на корисниците и негувателите со кои секојдневно го потврдуваат задоволството“.

Тренчевска оствари и посета на домот на корисник на услугата помош и нега кој заедно со својата негувателка ја информираа за придобивките, активностите, како и значењето за нив од оваа услуга. Министерката истакна дека токму задоволството на корисниците и негувателите е клучна мотивација, но и показател дека реализацијата на социјалната реформа се одвива успешно.

Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, досега е овозможено воведувањето на разновидни социјални услуги, преку 34 поединечни проекти што се спроведуваат во 41 општина. За давање на услугите досега се обучени и ангажирани над 300 лица, а истите се достапни за повеќе од 1200 корисници.

Можете да прочитате

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки