Утрински Весник
Македонија

МЕРМС: СДСМ грубо манипулира за да го сокрие фактот дека нивните долгови го кочат развојот – конечно воведуваме ред таму каде што владееше хаос

Merms.webp.webp

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најостро и недвосмислено ги демантира неоснованите, манипулативни и свесно лажни тврдења на СДСМ, кои уште еднаш покажуваат дека како опозиција немаат ниту аргументи, ниту кредибилитет – туку само потреба да ја прикријат сопствената одговорност за финансискиот хаос што го оставија зад себе и во секторот енергетика.

Осврнувањето на министерката Сања Божиновска за состојбата на Буџетот се однесуваше исклучиво на реалната можност државата сама да финансира проект од обем и тежина како хидроцентралата „Чебрен“– инвестиција вредна над една милијарда евра. Притоа, министерката јасно и одговорно посочи дека ниту еден проект, колку и да е значаен, не смее да значи запирање на средствата за здравството, образованието, инфраструктурата и другите клучни јавни инвестиции.

Ние јавно кажуваме што е финансиски можно, а што би било неодговорно и ризично за државата.Тоа е разликата меѓу одговорна политика и опасен популизам – разлика што СДСМ очигледно мора да ја научи.

Фактот дека капиталниот дел од буџетот денес е ограничен е директна последица на години недомаќинско, хаотично и неодговорно управување, период во кој не беше реализиран ниту еден стратешки капитален проект, а државата беше задолжувана без јасна визија и резултати. Буџет што беше разнишан и нефункционален, оваа Влада сега го стабилизира и го става во служба на реални, мерливи и остварливи проекти.

Очигледно е дека на СДСМ им пречи воведувањето ред и систем. Министерството направи суштински пресврт во енергетскиот сектор, овозможувајќи стотици домашни и странски компании да инвестираат транспарентно, законски и под еднакви услови – нешто што со години беше блокирано.

И покрај ниските, манипулативни и неосновани напади од СДСМ, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува фокусирано на реализација на клучни проекти за граѓаните, со одговорно планирање, финансиска дисциплина и без загрозување на стабилноста на државата.

Можете да прочитате

Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско „собрани“ над 60.000 евра

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот 

Вечерва земјотрес почувствуван во западна Македонија, епицентарот во Грција