Утрински Весник
Македонија

Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи, најмногу смртни случаи во јануари

20240614121632 Big 730x400 56.webp.webp

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20187 и е намален за 10. 1 % во однос на претходната година.

Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10640 или 52. 7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество вовкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица. Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари (1976). Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72. 1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски полили за 4. 4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифраC00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7. 2 %, болестите нареспираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.

Можете да прочитате

СДСМ: Програмата на Владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, различна од се она што го говореше, ниту збор за поништување на Преспанскиот договор

Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки

Мицкоски: Доаѓа времето кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните, прва инвестиција во вторник