Утрински Весник
Балкан

Дачиќ е симнат од механичка вентилација

Ivica Dacic.jpg

Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни на Србија, е симнат од механичка вентилација. Министерот за здравство Златибор Лончар изјавил дека здравствената состојба на Дачиќ е подобра отколку што беше. Додаде дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.

„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.


Можете да прочитате

Ужас во Белград: Момче со секира уби 92 годишен човек

Неколку училишта во Србија се евакуирани поради закана од бомба

Во Албанија масовни протести против комплексот на зетот на Трамп