Утрински Весник
Македонија

Мора да најдеме начин да го убедиме ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот, вели Изет Меџити

M.png
Ss2

Претседателот на Демократско движење и претставник на здружената опозиција на Албанците, Изет Меџити смета дека за Македонија нема друг пат освен европскиот.

Тој во поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат најави победа на здружената опозиција од албанскиот блок.

Ss1

„Сега сме посветени на форматирање на опозицискиот блок, и она што е најважно да победиме во албанскиот кампус. И не сакаме да бидеме дел од некоја влада како губитници, туку како победници, како луѓе со легитимитет. Убеден сум дека ќе победиме, тоа го кажуваат и анкетите. За да влезат Бугарите во Уставот, што е услов за за да продолжат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, ние мораме да најдеме начин да ги убедиме ВМРО-ДПМНЕ да влезат во тој процес, затоа што без нив нема 80 пратеници во Собранието. Ние немаме време и не сакаме да губиме енергија само да ги залажуваме граѓаните, дека правиме нешто, а правиме сосема друго“,рече Меџити.

Тој посочи дека нивната партија нема да биде дел од влада која нема да биде европски настроена. И дека друг пат нема за Северна Македонија.

„Топ приоритет за нас е европската интеграција, тоа го бараат и нашите гласачи, и затоа ќе инсистираме да се најде решение. Јас сум оптимист дека ќе се изнајде решение“,истакна Меџити во „Политиканти“.

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година