Утрински Весник
Македонија

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

20240612142919 Big 730x400 24.webp.webp

Основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува, соопшти  Министертството за образование и наука во врска со  високите температури во земјава и обврската на основците до 17 јуни да следат настава од учебната 2023/2024 година.

Во соопштение до медиумите, МОН наведе и неколку препораки за заштита на учениците од топлото време – училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат, учениците да се поттикнуваат и да им се овозможи да консумираат поголемо количество вода и за време на училишниот ден да не консумираат масна и храна што содржи поголемо количество шеќери.

-Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија, информираше Министерство за образование и наука

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани