Утрински Весник
Македонија

МОН ја консултира јавноста и наставниците за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025 година

Skolo 4 780x470 1.png

Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење.

Информираме дека со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.

Можете да прочитате

УЈП : РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ГОТОВИНСКИОТ ПРОМЕТ ПРЕКУ ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА (ФИСКАЛНИ КАСИ)

Мицкоски на НАТО самитот беше маргиналец, пропуштена шанса да се зајакне позицијата на државатав

СДС и малиот Заев, Филипче жалат што Македонија нема повеќе свиткана кичма во НАТО